Доналд Трамп сугерираше дека неговата сопруга Меланија нема да плаче ако тој биде застрелан во обид за атентат, пренесуваат британски медиуми.
Тој ова го изјавил во вторникот на донаторска вечера, каде размислувал за пукањето во 2017 каде повеќе луѓе биле застрелани, вклучувајќи го и републиканскиот конгресмен Стив Скалис.
Додека ги опишувал повредите на Скалис, претседателот на САД го опишал него како силен карактер, а се осврнал и на тоа како неговата сопруга реагирала на тоа.
– Таа се изнаплака кога ја видов во болница тој ден. Јас мислам дека многу малку жени би реагирале на таков начин ако се случи трагедија, знам дека мојата не би реагирала така.
Врската на Трамп и Меланија беше мета на коментари во јавноста, многумина сугестираа дека тие не се толку топли еден кон друг.
Но, сега се појави видео во јавноста како тие си играат за време на прослава на Ноќта на вештерките во Белата куќа.
Парот се венча во 2005 година и го има синот Барон, кој има 13 години.
ФОТО: EPA / PETER FOLEY