Трамп вели дека санкциите кон Северна Кореја остануваат

29
ФОТО: EPA / YONHAP

Американскиот претседател Доналд Трамп на вчерашната средба со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин во Вашингтон ја остави отворена можноста за трета средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Трамп наведе дека остануваат во сила санкциите кон Северна Кореја.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за ублажување на санкциите кон Северна Кореја наведе дека разговарал со Мун за „одредени хуманитарни работи“ и за евентуална помош во храна од Јужна за Северна Кореја.

Постојат различни помали договори кои би можеле да се постигнат, Можат да се случат некои работи. Може да се оди чекор по чекор. Но, во овој момент зборуваме за голем договор, голем договор значи дека мора да се решиме од нуклеарното оружје, истакна Трамп.

Додека Мун, самитот Трамп – Ким во Ханој не го оцени како неуспех, туку како понатамошен „процес“ со Пјонгјанг чија крајна цел ќе биде целосна денуклеаризација на Северна Кореја.

На Северна Кореја треба да и се понудат отстапки со цел да се поттикнат преговори, но изгледа дека Вашингтон не е склон кон постапен процес, каков што сака Пјонгјанг, проследен со ублажување на санкциите, посочи Мун.

Мун во Вашингтон се сретна и со советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон и со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

ФОТО: EPA / YONHAP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...