Трамп: Благодарение на Америка сочувани се многу животи на Курдите

60
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД го договориле примирјето во северна Сирија и овозможиле Курдите мирно да ја напуштат границата со Турција.

– Ние тоа го направивме, САД, а не некоја друга држава – посочи Трамп.

Тој додаде дека „благодарение на Америка сочувани се многу животи на Курдите“.

Трамп истакна и дека телефонски разговарал со командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди, кој се заблагодарил за поддршката од САД.

Претседателот на САД наведе и дека еден дел од американските војници ќе остане во Сирија за да ги штити нафтените наоѓалишта.

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври се договорија за поделба на контролата над североисточна Сирија. Во согласност со договорот, Турција ќе ја задржи областа што ја освои со инвазија, додека руските и сириските сили ќе го контролираат преостанатиот дел долж сириско-турската граница. Договорот предвидува и курдските борци во рок од 150 часа (почнувајќи од вчера на пладне) да се повлечат од зоната во североисточна Сирија.

ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...