ВО ЖИВО Заев и Пендаровски заедно маршираа со жените на СДСМ ГАЛЕРИЈА

1444

Традиционален осмомартовски марш, по повод меѓународниот ден на женатa, од 12 часот се одржува низ улиците на Скопје, во организација на Форумот на жени на СДСМ. Жените маршираа од ЕУ инфо центар до школка во Градскиот парк.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, кај улица Ленинова се приклучија и дадоа поддршка на маршот по повод 8 март кој годинава се одржува во Скопје под мотото „Еднакви! Можеме!“. Заедно со нив и со жените маршираше и Елизабета Пендаровска, сопруга на консензуалниот претседател.

Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, рече дека со измените на Законот за бременост е добиена битката, одлуката да биде само на жената.

– Нашата држава влезе во земјите кои го искоренуваат семејното насилство како и со Законот за заштита од дискриминација ги унапредуваме родовите права. Испраќаме силна порака, еднакви сме. Борбата за еднаквост продолжува. СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените. Меѓу нас се оние што сме ги оставиле разочарани, но Форумот на жените е отворен да помогне на сите. Ќе продолжиме да ја креваме свеста и до 2020 ќе бидеме 50 отсто жени во политиката – рече Ласкова.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...