Возач на минибусот во живо на Фејсбук пренесувал како вози низ Унгарија и последното што го снимил било како на него налетува камион додека тој претекнува.
Во несреќата загинале сите патници од минибусот, седум мажи и две жени, сите Романци кои работеле во Словенија и се враќале дома.
Романското министерство за надворешни работи соопштило дека несреќата се случила вчера, на 22. мај, на 60 километри југоисточно од Будимпешта, кога возачот минал во спротивната лента и се судрил со камион.
ФОТО: Јутјуб