Утрово околу 8 часот во Белград дошло до голема сообраќајка во која загина пешак а шестмина биле повредени, меѓу кои и бремена жена.
Градоначалникот на Белград рекол дека станува збор за тешка трагедија и дека се утврдува што точно се случило за ваков настан да не се повтори.
Се судриле трамвај и автомобил, но во овој момент не се знаело чија вина е што дошло до несреќата.
– И возачот на трамвајот и возачот на автобусот тврдат дека поминале на зелено. Постојат камери и на трамвајот, но и на улицата. Ќе се види кој е виновен – рекол заменик-градоначалникот Горан Весиќ.
ФОТО: Јелена Рафаиловиќ / српски „Курир“
Извор: српски „Курир“