Трагедија во Прилеп: 24-годишно момче починало во својот дом

1203

Младо момче било пронајдено починато во својот дом во Прилеп – информираат од полицијата.

Вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Победа” во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С. од Прилеп.

Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...