Тринаесетгодишно девојче денеска попладне починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.
Девојчето, како што потврдија од полицијата, е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.
Екипа на Итна медицинска помош интервенирала и го однела детето во Општата болница во Куманово каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но, за жал, безуспешно.
Случајот во полицијата го пријавиле вработени во кумановската болница.