Траволта открил грешка во најновиот филм на Тарантино со Дикаприо и Бред Пит! ВИДЕО

Станува збор за една од последните сцени во филмот во која Рик Далтон, кој го толкува Леонардо Дикаприо, се враќа во Холивуд со авион.

546

Холивудскиот актер Џон Траволта, кој на филмското платно во 90-тите го врати токму режисерот Квентин Тарантино, во неговото најново остварување „Беше еднаш во Холивуд“ воочил една грешка.

Станува збор за една од последните сцени во филмот во која Рик Далтон, кој го толкува Леонардо Дикаприо, се враќа во Холивуд со авион.

– Леонардо се враќа дома од Италија, или од каде и да е, а нараторот вели дека се качил на „Боинг 747“ – изјавил Траволта, а пренесува „Индепендент“.

Меѓутоа, 747 имал пробен лет во февруари 1969 година, но веднаш потоа завршил на сервис сè до јануари 1970 година.

– Леонардо би морал да лета само со „Боинг 707“ – заклучил актерот кој и самиот обожава да управува со авиони за кои, секако, поседува и дозвола.

Траволта поседува дури четири авиони, а во 2010 година ги превезувал сите учесници на шоуто на Опра Винфри од нејзиното студио во Австралија. Тој открил и дека во периодот кога Шерон Тејт (за која помеѓу останатото станува збор во последниот филм на Тарантино) била убиена, исто така, живеел во Холивуд.

– Се сеќавам кога беше убиена и како се чувствував тогаш, многу бев исплашен – признал актерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...