Траволта го наплаќа фотографирањето со обожавателите: Фотографија со него чини 500 долари, селфи двојно помалку

Обожавателите поитаа да се фотографираат со Траволта, додека социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари.

847

Холивудскиот актер Џон Траволта во текот на кариерата сними неколку одлични филмови и, како последица од тоа, стана многу богат човек.

Неговото богатство е проценето на 170 милиони долари, но тоа не го спречува да продолжи со работа.
Странските медиуми пишуваат дека на конвенцијата Супанова во Австралија актерот го наплатувал фотографирањето со обожавателите.

Фотографија со Траволта чини 500 долари, а за тие пари може да се добие и автограм.

Селфито е поевтино и цената е 250 долари.

Обожавателите поитаа да се фотографираат со Траволта, додека социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...