Тој има 50, таа 21 година: Диџеј Тиесто се ожени со манекенка среде пустина ФОТО

Манекенката го запознале диџејот во еден ресторан во Њујорк во 2015 година, а се свршиле лани, во ноември.

3222

Диџеј Тиесто (50) се ожени со 21-годишната манекенка Аника Бекерс на венчавка среде пустина, која многумина шокираше.

Холандскиот музичар на Инстаграм објави фотографија од венчавката која во изминатиот викенд се одржала во Ута.

„Љубовта на мојот живот, 21.09.2019.“, напишал покрај фотографијата популарниот диџеј чие вистинско име му е Тајс Вервесте.

Магазинот „Вог“ известил дека на двојката им се придружиле само 80 гости во луксузното одморалиште со пет ѕвезди Амангири.

„Градот кој двајцата го сакаме е Вегас па почнавме да бараме локации таму, но одлучивме дека сакаме да биде некаде подалеку.“

Манекенката го запознале диџејот во еден ресторан во Њујорк во 2015 година, а се свршиле лани, во ноември.

– Почнавме да се дружиме следните два месеци и кога дојде фестивалот Коачела, ден пред тоа одлучивме да бидеме заедно. Го поминавме викендот трчајќи по фестивалот,  си поминавме најубаво, само ние двајцата. Не сме заситивме еден од друг ниту секунда и дури се вративме заедно во Њујорк и сè уште не сакавме да се одвоиме, веќе тогаш двајцата знаевме – рекла за нивните почетоци.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...