Талентираниот американски пејач и актер Џон Леџенд според изборот на магазинот „Пипл“ е избран за најсексапилен маж во 2019 година, но како што самиот вели, не е сигурен дали ќе успее да живее со таа ласкава титула.
Леџенд е во среќен брак со манекенката Криси Тајген со која има две деца и е првиот
Афроамериканец кој за своето уметничко работење е награден со Еми, Греми, Оскар и Тони.
– Кога ја слушнав новоста бев многу изненаден, но истовремено и малку исплашен бидејќи тоа е голем притисок – рекол Леџенд за „Пипл“.
FOTO: Instagram/Printskrin