Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, „Боже чувај ја од зло“, а песната ја претстави како своја, авторска.
Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на февруари годинава.
Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак, под текстот, кој е само преведен и адаптиран на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.
FOTO: Printskrin