Тоти се мисли за враќање во Рома

57

Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, одговори на прашањето дали е подготвен да заземе едно од работните места во клубот, откако бизнисменот Дан Фридкин го купи клубот од Џејмс Палота.

Претходно беше објавено дека заврши трансакцијата за продажба на „римската волчица“.

– Ако ме повикаат, јас ќе одговорам. Ќе ја разгледам можноста. Ниогаш не вели никогаш – изјави Тоти за италијанските медиуми.

Четириесет и тригодишниот Тоти, откако ја заврши кариерата, беше директор на Рома од 2017 до 2019 година. Тој подоцна го напушти клубот поради конфликт со менаџментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...