Тотенхем поразен од Вулверхемптон, Јунајтед ремизираше кај Евертон

208
ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Екипата на Вулверхемптон запиша гостинска победа со 3-2 над Тотенхем во дуел од Премиер лигата.

Домаќините отворија рано со погодокот на Стивен Бергвин, но Мет Доерти изедначи кон средината на првото полувреме. Серж Орие сепак ја врати предноста на „спарси“ при крајот на првиот дел, но „волците“ одиграа уникатно второ полувреме и успеаја да направат целосен пресврт.

Диого Жота прво го изедначи резултатот, а потоа Раул Хименез донесе победа за својот тим.

Со освоените 3 бода, Волверхемптон се искачи на 6-та позиција во пласманот и го престигна Тотенхем, кој сега е на 7-то место. „Волците“ имаат 42 поени, додека нивниот денешен има 40.

Манчестер Јунајтед одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Евертон во меч од 28-то коло од Премиер лигата.

Домашната екипа го отвори резултатот уште во 3. минута преку Калверт-Левин по нова грешка на голманот Давид де Хеа.

Гостинската екипа пак израмни со погодокот на Фернандеш во 31. минута.

До самиот крај, двата тима се обидоа да постигнат решавачки гол, но без успех.

Јунајтед е на 5-то место со 42 бода по овој натпревар, а Евертон се на 11-то место со 37 бода.

Во последните секунди Евертон постигна гол, но тој беше поништен по интервенцијата на ВАР интервенцијата.

ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...