Тотално сте неодговорни

Дамбетер катастрофа не чека ако останете затворени и опколени со апологети и конвертити и сакате да владеете цела држава со тројца луѓе

1659
Малку ја форсирате раката со одговорноста.
Одговорност да, со меѓународна помош и во надворешната политика.
На сите други полиња освен социјална политика, сте тотална катастрофа.
Ама општо да збориш за 2 години одговорност, кога 6 месеци нема резултати од истрага и одговорност за бегството на Груевски, кога држиш влада со ДУИ и амнестирани, кога се дешава огромен криминал, корупција, рекетарство, партитизам и непотизам, кога само продолжуваш со економските политика на Груевски, е многу неодговорно.
Намалето со споредувањето со режимот вие.
Дамбетер катастрофа не чека ако останете затворени и опколени со апологети и конвертити и сакате да владеете цела држава со тројца луѓе.
За можностите кои ги имате, за поддршката од страна која ја уживате, за очекувањата на граѓаните, за големината на предизвикот, за произволноста, самоволието, автореферентноста, итроманството, немањето визија, тотално сте неодговорни.
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...