„Тортура“ на СЈО продолжува на 1 ноември

117

На 1 ноември продолжува рочиштето за предметот „Тортура“ на СЈО со презентација на преостанатите видео материјали од камерите на МВР.

По паузата денеска беа пуштени снимките од втората камера на полицијата. Од видео доказните материјали можеше да се види како претходно подигнатите докази од местото на настанот пред возилото на тогаш обвинетиот Љубе Бошкоски пред ресторанот „Воденица“, беа отворени и евидентирани во лабораторија, најверојатно во просториите на крим-техника во МВР.

На барање на одбраната СЈО да објасни на кои околности се предложени овие видео докази, Обвинителството предложи доказите од втората камера од МВР да бидат повлечени. Адвокатите на обвинетите не се согласија и рочиштето продолжи со гледање на видео доказите.

За предметот „Тортура“, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...