Торта со марихуана послужиле на погреб во Германија

Истрагата откри дека вработена во ресторанот ѝ рекла на својата 18-годишна ќерка да ја исече тортата за ужалените, но таа зела погрешна торта од фрижидерот…

181

Погреб на истокот од Германија ненамерно заврши со поинакво расположение кога на присутните по грешка им била послужена торта со марихуана.

По погребот, луѓето се собрале во ресторанот да пијат кафе и јадат торта, што е обичај во Германија. Но, како што соопшти полицијата во Росток, откако ја изеле тортата, 13 лица почувствувале мачнини и вртоглавица, па побарале лекарска помош.

Истрагата откри дека вработена во ресторанот ѝ рекла на својата 18-годишна ќерка да ја исече тортата за ужалените, но таа зела погрешна торта од фрижидерот…

Тортата со марихуана била за друга прилика.

Полицијата соопшти дека 18-годишното девојче е под истрага.

Настанот се случил во август, но семејството одлучило тоа сега да биде објавено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...