Со торта со амблемот на ДУИ, пратениците и министрите од партијата денеска му го честитаа роденденот на лидерот Али Ахмети.
Тортата и роденденската честитка била изненадување за лидерот, бидејќи, како што велат пратениците, на Ахмети утре му е роденден, но го искористиле неговото присуство денеска во Собранието за заеднички да го одбележат роденденот.
Ахмети, кој ретко доаѓа во Собранието, денеска беше во законодавниот дом за гласањето на техничката влада. Лидерот на ДУИ утре ќе наполни 61 година.