Под наслов „Што се случува во кампот на муџахедините во Тирана“ тиранската телевизија Топ чанел ја пренесува изјавата на амбасадорот на Иран во Лондон, кој тврди дека „тие таму користат ново оружје“.
Според телевизијата, иранскиот амбасадор во Лондон, Хамид Бајединеџад(Hamid Baeedinejad) објавиил фотографија за која тврди дека е направена во кампот на муџахедините во Тирана.
При тоа амбасадорот ги обвинува муџахедините дека користат „суперкомпјутери за ширење лажни вести против Исламската Република Иран“.
– Членовите на МКО од кампот Ашраф, Албанија, користат нов вид оружје против Иран. Нивното оружје вклучува суперкомпјутери со кои тие се обидуваат да шират лаги и лажни вести за да го трујат јавното мислење -обвинува Бајединеџад.
Муџахедините,од страна на Исламската Република Иран се сметаат за терористичка група и со децении се во отворен конфликт со тамошниот режим.
Најмалку 3.000 муџахедини се засолети во Албанија како резултат на договорот на албанската влада со САД. За нив изграден е,како што се нарекува, град на муџахедните.