ТОП ФБ КОМЕНТАРИ Полицајци се, бре, а не играорна група!

3583

Фејсбук статуси на Боки Бургија, Дарко Чекеровски, Катарина Синадиновска, Ивор Мицковски, Ѓорги Спасов и Бошко Нацевски.

Боки Бургија:

– Зошто полицајците во неколку формации влегле во дискотека со инспектори цивили и униформирани ем вооружени со калаши?

– Затоа што се полицајци, а не играорна група за да влезат со зурли и тапани, ебаве бељата. Ете затоа…

– Зошто го привеле сопственикот кој бил активен револуционер во Шарената?

– Затоа што се полицајци кои не јебат жива сила, па претходно да се распрашуваат кој е кој фактор во дискотеката и дали смеат или не смеат да го приведат, бе јебиветри. Ете затоа…

– Зошто полицијата применила чин на брзо влегување во објектот и уште побрзо сопирање на забавата?

– Затоа што не се балетска група апсолвенти на предпремиерска проба, бре, ајвани, туку, дека се баш полицајци кои постапуваат по наредби и критериуми кои се одобрени со посебни судски налози по претходни сознанија и мерки. Ете затоа…

И на крај, резултатот ја оправдува акцијата… Тенкју…

Дарко Чекеровски:

И новите градоначалници дофрлаат само до Цеца, Аца, Брена…

Ѕвездан Геогиевски:

Ако не го знае Gervasius Twinklminkelson, мала е за тебе.

Катарина Синадиновска:

Лесно е да шириш лажни вести, глупава сатира и евтини трикчиња… Земи истражи корупција, криминал, направи интервју, напиши анализа со факти, спротистави аргументи!
Јас во мојата повремена надеж од курирци да напраиме новинари.

Ивор Мицковски:

Генералот ем партија ќе тера, од типот на онаа на Павле, на Лиле, од малцинствава, ала Амди, и ќе заработува плата од државна компанија.

Абе што ќе ни сте вакви борци и партии, вие го создавате, сте носители на најлошиот магичен круг, изедначување на партија со држава.

Што сте вие различни од Амди?!

Ѓорги Спасов

Да ли иселениците од Македонија во САД се чуствуваат непријатно ако некој каже дека тие се Северноамериканци, а не Јужноамериканци? Да ли со тоа некој им го негира американскиот идентитет и стануваат по автоматизам помалку Американци од било кои Американци?

Бошко Нацевски:

Со зборови, со пишувања, не се документираат ниту добројуваат сите наши промашувања. Постфестум критиката, не нѐ амнестира од вината за грешните потези во политиката.

Ниту една функционерска фукара не ни падна од небо, ниту од букова гранка. Ја донесовме ние, и тоа со триумф – со двата прста од нашата корава дланка.

Парламентот не така ретко, беше слика на срамна циркусијада. Ревија на заталкани персони – кој ќосест, кој со комитска брада. Генерален биланс – „шака јада“.

Ги помните, од говорницата, до зарипнатост врескаа. Зелени кинеа, глупости трескаа. Некои, во стилот на панди, мандатите ги преспаа.

Примитивизми, шарлатании демонстрираа. Направија кариери – дебело се нафатираа! Со народни пари, финансиски династии си направија. Човекот го заборавија – државата на цедило ја оставија.

И денес, на политичката сцена, стари слики се репризираат. Со блефови и алчност, некои нови момци нѐ скандализираат.

Според мојата маленкост – господине Заев, во твоите раце е големата топузина. Чистка на олошот. Со битанги, нема среќа, не се чекори кон европска иднина. Тргни ги од патот сите шпекуланти, превртливци, морални беди.

И биди уверен, овој честит народ, сака живот, во стапка ќе те следи!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...