Фејсбук постови на Јане Ѓорѓиоски, Зоран Димовски, Ненад Јовановиќ, Сеад Џигал, Бранко Тричковски, Александар Левески, Александар Дојранлиев, Владимир Штериовски, Боби Илиевски, Ѕвездан Георгиевски и Срѓан Ивановиќ.
Јане Ѓорѓиоски:
Не мислите ли дека е барем неодговорно и несериозно од ваша страна да го бојкотирате референдумот, ако: не ви се оди во НАТО, не ви се допаѓа начинот на кој е поставено референдумското прашање, или референдумот, не сте задовони од работата на Владата, од lокалната самоуправа и слични изговори, кога и сами знаете дека ваков компромис во форма на договор, кој ни ги отвора вратите кон прогресивна Европа, никогаш повеќе нема да извлечеме и никогаш повеќе нема да може да ја извлечеме државава?
Зоран Димовски:
Дa си се приберите мaлку и сo пoнaшaње и сo кoментaри oти бидете зaдoвoлни дури сaтиричнo ги кoментирaме нештaтa…oти кo ќе зaигрa пaлкa ќе се невидите…Референдум иди, кaснaвте мaлку трици и пoчнaвте дa фрлaте зaдници кo ѓупскa кoбилa…Атер нa Зaев ќе терaме…aмa aкo не бидни јaс личнo ќе ви кaжaм некoи рaбoти a дaлеку oд тoa декa сум сaм и тaкa мене ми текнaлo…
Ненад Јовановиќ:
Мислам дека е греота да се почнува кампања за референдумот со милијардите на Европа. Ако цело време се сфаќа Европа како света крава која ќе ни даде милијарди, немој после да се чудите зошто луѓето се нестрпливи и бараат кеш, кеш, кеш. Обидете се со некои нормални наративи: слобода, заедништво, соработка, меѓусебна комуникација, слободни пазари, размена на култури… Кој ве учеше веднаш со пари кои ниту се наши, ниту ќе ги видиме. Почнете со очовечување, не со ниски страсти.
Сеад Џигал:
Tолку многу демократија Американците извезоа во светот, што изгледа им се потрошила, па сега немаат ни за по дома. Тоа ми е единствено логично објаснување кога човек ги чита сиве овие вести за Трамп.
Бранко Тричковски:
Фатил Македонецот златна рипка и – ја опљачкал!
Александар Левески:
Ако треба Македонија како држава, односно како систем, да се опише со еден единствен збор, тогаш тоа е дефинитивно зборот импровизација. Импровизацијата е нашиот модус вивенди, единствениот концепт за кој знаеме. Импровизација секаде и на сите нивоа, во државните служби, во приватниот сектор, во образованието, во здравството, во правосудството.
Причините за нашата површност и неспремност да ги завршиме работите онака како што треба, се во непостоењето на систем, процедури, стандарди, но и соодветни обуки. Сѐ е оставено на стихијата, добрата волја и мотивацијата на поединците. На ова се надоврзува и неквалификуваноста на кадарот кој најчесто поради необученост е принуден да импровизира. Затоа сите работи ни се половично завршени и нефункционални.
Сѐ додека е тоа така, а нема индиции дека ќе биде поинаку, од Македонија држава нема да биде.
Александар Дојранлиев:
„Некаде со добро, некаде со Мартин Протуѓер“ – Ќосето.
Владимир Штериовски:
Брате Гоце. Овие нискоинтелектуалниве шупаци, го поганат твоето име кај стигнат. Да беше жив, брате Гоце, ти ќе им дадеше прошка, ама ќе ги зафркнеше, да не знаат дали е мокар столот или се измочале во гаќи.
Боби Илиевски:
Рубљови. 510.000 граѓани исселени се и живеат во земји членки на НАТО. 1.000 живеат во Русија.
Ѕвездан Георгиевски:
Во Македонија не е проблем да се најде работа. Проблем е да се добие пристојна плата.
Срѓан Ивановиќ:
Oвде вo Евридики сите пoд oкo ме гледaaт, пoшo сaмo јaс не сум дoјден сo службенo вoзилo.