Фејсбук статуси на Миодраг Мишолиќ, Александар Левески, Ивор Мицковски, Билјана Бејкова, Ѕвездан Георгиевски и Бошко Нацевски.
Миодраг Мишолиќ:
Од изминатите 28 години искуство со партиите, една работа може да се препорача: секогаш кога си во дилема што да мислиш или да направиш во одредена ситуација, направи спротивно од она што го кажува ДПМНЕ. Се разбира, доколку ти се приоритетни интересите на Македонија.
Александар Левески:
Сум имал прилика да разговарам и со Заев и со Груевски. Разликата меѓу нив двајца е светлосни години, не знам како да ви објаснам. Колку што едниот е полн со надеж, позитивна енергија, непоправлив оптимизам, дури е и смешно наивен, другиот е мрачен, препреден, темен и зол, со матен и неискрен поглед во кој нема грам емпатија. Ова го пишувам без нималку претерување.
Не сум во ничиј табор и воопшто не ме интересираат нивните партиски работи. Хиени има и кај едните и кај другите и тоа во прилично голем број, нема збор за тоа. Не идеализирам. Муабетот ми е конкретно за нив двајца. И затоа сите вие што се уште плачете по Грујо и братучед му, обавезно да си отидете на лекар и да се проверите. Оти нормален човек не може нив да ги сака. Мора нешто да ви фали.
Ивор Мицковски:
Во Македонија е ординарна работа да биде крвнички претепан и потоа да почине млад човек. И во смртта на млад дечко сме сѐ уште политички поделени.
Иритантна ми е политичката злоупотреба на оваа трагедија или злостор, зошто токму тоа е, но е двоен злостор кога институциите ќе потфрлат или луѓето ќе злоупотребат.Дали институциите можат подобро не знам, знам дека има мал милион заштитени мечки кои не одговаат пред законот и институциите. И тоа луѓето ги иритира, оние добронамерните, и тоа остава простор за злонамерните, да ја злоупотребат трагедијата.
Демократска држава е кога и пред одредена трагедијата ќе бидеме свесни за што се случило, ќе знаеме кои се одговорните, ќе дознаеме за мотивите, ќе видиме алармирани институции, а не вака, два пати да се убива еден млад живот.
Билјана Бејкова:
Во светот се борат натчовечки за да спасат 13 животи под вода, а ние нечовечки губиме млади животи. Македонски апсурдистан.
Ѕвездан Георгиевски:
Без соодветен фокус на културата и соодветно донирање во културните вредности, Македонија не може да биде одржлива држава.
Бошко Нацевски:
Во Струмица се одржала ревија на градинарски производи. Посебно биле застапени хибридните сорти боранија и арпаџик!
(Насловна фотомонтажа: Сеир)