Фејсбук постови на Александар Левески, Руди Лазаревски, Бранко Тричковски, Срѓан Ивановиќ, Катарина Синадиновска, Ненад Јовановиќ, Боби Илиевски, Иљче Затаракоски, Божидар Божиновски, Златко Бојаџиев и Дарко Чекеровски.
Александар Левески:
Почитувам луѓе со јасен и цврст став, зад кој стојат со аргументи. Почитувам и луѓе кои го менуваат својот став тогаш кога аргументите на другите се посилни од сопствените. Не е воопшто страшно да се признае дека сопствениот став бил погрешен или дека сте биле во заблуда. Она што не почитувам е луѓе без став, кои на едно место кажуваат едно, на друго место друго, а во суштина мислат нешто трето, ако воопшто и нешто мислат во таквиот хаос од ставови.
Таквите, ставот го градат во зависност од опкружување во кое се наоѓаат, односно во зависност од доминантниот став на останатите или пак на оние битните. Или уште повеќе, гледаат на сите да им се допаднат, што во основа е последица на ниската лична самодоверба. Како и да е, не е поентата во животот на сите да им се допаднете, туку повеќето од луѓето да ве почитуваат, па и не мора баш многу да ве сакаат. Ако сите ве сакаат, тогаш или ве сожалуваат, или сте комплетно безлични.
Размислете што сакате, изградете став околу тоа. Вие сте вашиот став.
Руди Лазаревски:
Референдумот беше непотребен. Ама, кому да кажеш. Фестивалско изгубено време, пари, емоции. Најважно е времето. Тие неколку изгубени месеци владата и собранието можеа да ги посветат на скринингот, на преговорите со НАТО, на реформите, на борбата против системски вкоренетата корупција…
Овој повеќемесечен Фестивал на референдумот, реално, ќе ги стави на стенд-бај процесите. Дали луѓето сакаат референдум? Мислам не. Но, огромно е мнозинството на службенички, параслужбенички и други паразитисти, кои заедно со пензионерите, невработените и со социјалните корисници прават повеќе од половината од гласачкото тело. Главно, тие бараат фестивал во вид на Референдум. Инаку, што би правеле друго?
Државите со минимум капацитет би го решиле тивко и достоинствено во парламентот со измена на Уставот. И државата ќе го сочува изгубеното драгоцено време.
Бранко Тричковски:
Ќе ми гледале во сметката, хахаха!
Не ми е страв што ќе ми ја гледаат сметката. Срам ми е! А и нив треба да ги е срам.
Каков е тој систем во кој на толку работа и скромна потрошувачка, сметката ти е празна што попразна не може да биде?
Јас мислам дека ние се движиме кон ситуација во која луѓето што не крадат нема да можат да најдат работа, да се женат и мажат, ќе бидат екскомуницирани и ќе лежат затвор до десет години.
Срѓан Ивановиќ:
– Ало МЕПСО, вие струја регулирате?
– Не, андулираме!
Ова можеше да биде добар виц…
Катарина Синадиновска:
Со професорски титули добиени преку партиска, не се стигнува до Шангајска листа. Во дувлата на надри-експерти, готови да бранат „македонштина“ на секоја ТВ дебата, треба да размислат околу врската помеѓу идентитетот и образованието. И потоа да фатат метла.
Ненад Јовановиќ:
Рејтингот на СДСМ паѓа. На добар пат се да ја обесмислат сета десетгодишна борба. Прашање е само дали имаат свест за тоа.
Боби Илиевски:
ДПМНЕ јавно не се изјаснува, но на терен и внатре во институциите прави се да го делегитимира референдумот. За почеток, пак го употребуваа испробаниот рецепт на уцени и закани. Ова е присутно особено во помалите средини.
Отворено им се кажаува на луѓето дека секој што ќе излезе да гласа ќе биде фотографиран и кога ќе се вратиме на власт, никогаш нема да најде работа. За опструкциите во институциите, дополнително.
Иљче Затаракоски:
Срушивме режим со фигаро!
Божидар Божиновски:
Кога е МЕПСО фешн вик?
Златко Бојаџиев:
Човечкото тело може да издржи 14 дена без храна, 3 дена без вода и 3 часа без ви-фи.
Дарко Чекеровски:
Полицајци се возат на точаци околу Католичка црква. Пред нив, околу нив десетина коли паркирани на пешачки, тротоар, накриво… Никому ништо. Туристички.