ТОП ФБ КОМЕНТАРИ Дупете ги, смејте им се у фаца, не можете да им ги наполните празните лејки!

3957

Фејсбук постови на Боки Бургија, Александар Левески, Билјана Бејкова, Ненад Јовановиќ, Ивор Мицковски и Владимир Штериовски.

Боки Бургија:

Абе луѓе, не знам што толку многу се фемкате околу тоа дали го прочитале договорот со Грција или не, дали го разбрале или не, дали губиме или добиваме со тој договор, па каква кампања треба да осмислиме за да референдумот биде успешен, кој тоа ќе може да води кампања за изјаснување „за“ или „против“ на референдумот и така натаму.

Најдобра кампања за референдумот е да нема кампања „за“. Ако на здраворазумниот свет, без разлика дали го читнал или не договорот, не му е јасно што добива со тој договор, дека ништо, ама баш ништо не губи, ондак, другарице и другови, терајте со заебанциите на сметка на оние кои бојкотираат, таа е единствената кампања „за“, дупете ги, смејте им се у фаца, затоа што ако се обидувате да им ги наполните празните лејки на колебливите и несигурните во себе, некои други ќе останат без петролејки.

Референдумот е попис пред вистинскиот попис. Тој е првиот сигнал, првиот импулс и првиот оригинален симбол за тоа дали здраворазумното пучанство е вистински и реално мнозинство во однос на глупантропството. Овој „попис“ треба да биде и најчист, најреален, највистински показател дали овој микс од различни народи и вери, воопшто заслужува да има заедништво и да го контролира ова парче земја на Балканот…

ПС. И на крајот, ако не знаете од сега што да заокружите на референдумот, и ако чекате некој од политичарите да ве убедуваат во кампања, ондак, не губете време, бе, торковци, следете го Боки Бургија, и врзете во марамче дека на 30 септември ќе заокружите „за“. Не за мене, туку за вас… Тенкју…

Александар Левески:

Еве им гратис слоган за по билборди: Излези и гласај „против“. Биди гласен и кажи ако не се согласуваш. Тишината е само за страшливци. Ти си твојот глас.
Тие што разбират адвертајзинг, знаат. Цел град треба да е излепен со билборди, од кои дел ќе бидат „Гласај ЗА“, а дел „Гласај ПРОТИВ“. Со фуснота (ѕвездичка): „Твој е изборот“.
Бенефитот е двоен. Од една страна Власта ги стимулира граѓаните да бидат активни, од друга не зазема цврсто страна и ги остава самите да одлучат како ќе гласаат. Воедно, ги респектира и едните и другите, поточно сите што се активни чинители во општеството.

Билјана Бејкова:

Сакам да слушнам што направија УЈП и другите надлежни институции, за досегашните случаи на злоупотреба на лични податоци и информации на граѓаните. Сакам да слушнам дали некој беше казнет, дали некој презеде одговорност и конечно, кои и какви механизми на заштита се воведени и како тие ни ја гарантираат безбедноста на податоците.

А вам што ви е смешна загриженоста и дебатата за заштитата на личните податоци на граѓаните, не можам а да не ви се чудам.

Ненад Јовановиќ:

Сиромашните по дух ќе ни гледаат во приватните сметки. Гледајте, браќа, ама додека гледате – извлечете некоја поука. И не пипкајте, иде зима, дрва ќе треба.

Ивор Мицковски:

Романската дијаспора, како знаела, дошла во Букурешт да се тепа на улица против криминалците на власт. Нашата дијаспора или е за бојкот, или за уши ќе ги влечат да гласаат.

Владимир Штериовски:

Влегувам сериозно во политиката. Мојата програма опфаќа бесплатна вода, струја и систем за греење за социјално најзагрозените граѓани, додека доволно не им се подобри тој статус. Програмата опфаќа системска обука на тие граѓани за поддршка во процесот на подобрување на социјалниот статус.
Програмата опфаќа систематизирано обучување и поддршка на сите граѓани, во процесите на излегување од финансиска зависност од банките и останатите лихварски шеми. Програмата, секако опфаќа и вистинско воспоставување на фер пазарна економија, државна контрола врз банките и воспоставување фер, но ригиден правосуден систем.
Ве дупам бе, немам ваква програма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...