Почитувани читатели, почувајќи од денеска, Плусинфо повремено ќе објавува постови и коментари споделени на Фејсбук групата ТОП КОЛУМНИ И КОМЕНТАРИ. Ги повикуваме сите колумнисти, пишувачи на постови, коментатори и инфлуенсери, да ги споделуваат своите коментари во групата која се модерира. Дел од коментарите ќе споделуваме и на порталот Плусинфо.
Борјан Јовановски:
Сѐ е ок. Ама дали, ако на пример, влезеа во цивилка и пристојно…дали ќе најдеа повеќе прашкаста материја од онаа која ја наведуваат, а која е смешна.. а ако сметаа дека толку опасна мафија има во Сектор и во Епицентар тоа желките можеа да бидат во близина па да интервенираа за не дај боже ако притреба… Ова е само едно лаичко размилсување, ама убеден сум дека полцијата можеше многу попристојно и поефикасно да си ја сработи работата.
Ивор Мицковски:
Денес бев на Шара, шумата е доста исечена и луѓе што одат често велат сѐ поретка станува. На одење, видовме камион полн дрва запрен од полиција. Полицијата не беше наоружана со автомати, напротив летаа насмевки, дури и влета некој за интервенција, излезе од кола, се избацува со џандарите и си продолжи. Камионот изгледа помина, бидејќи подоле на патот сретнавме уште еден полн ко око. Никому ништо, шумата пепел, џандарите насмеани.
Гоце Пачемски:
Чекајте, чекајте, од кога неселективното спроведување на законот стана проблем (бога ти!?). Бил од „шарените“ и за него требало со чешел да влезат. Не луѓе! Токму во неговата кафана се влегува со „полна ратна спрема“ за да се покаже дека „нашите“ треба да бидат пример, а не привилигана група. Ајде сега ве молам дискутирајте дали и какви закони прекршиле кафанџиите, а не со каква опрема требало да влезе полицијата (тоа сепак е проценка на нивните старешини). Законот мора да се почитува ако сакаме да бидеме држава, наместо балканска касаба.
Билјана Бејкова:
Едно лето, пред многу, многу години, бев на панк концерт во Хамбург, во зграда на поранешна фабрика за оружје . Гужва имаше многу, а полиција никаде. На прашањето каде е, одговорот беше: „Таа се наоѓа во соседните улици и ќе дојде само ако се случат нереди. Нема потреба со своето присуство да ги заплашува и иритира граѓаните“. И така…
Јорданка Ивановска Јоци:
Борбата беше за принципи, а не каде пиете бесплатно пијачки, па тогаш да ускокате со бранење на кафњани и одозгора да влијаете и да измешате брзини од позиција на моќ.
Најпринципиелно, во градот врие ,,бело” и синтетички апчиња. Најпринципиелно, браните подземје и криминал со напад на акции против тоа.
Следниот пат, нека им влезат на сите со хемиска лабораторија и во вециња. Ко што направи хрватски ,,Глобус”.
А и секој викенд нека има акции.
Ебате, клошарите. За две пијачки ви е.
Ѓорги Спасов:
Кога некој ќе те нападне со зборови и лаги од кои би се засрамила а неговата мајка,како што тоа го стори пратеникот Крсто Јовановски денес во Собранието, тоа не смее да се премолчи и да се одбие на неговата глупавост. Треба точно да се направи како што направи Заев. Треба да се демантираат лагите и жестоко да се нападне неговиот карактер на човек кој не заслужува да обавува јавна функција.
Во дебатата се демонстрира способност да се одбраниш себе си од гнасни напади и подметнувања и се демонстрира храброст која е потребна за одбрана на каузата за која се бориш.
Александар Левески:
До каде е работата со пробивањето на 11 нови сообраќајници кои ги вети Петре Шилегов? Поточно во која фаза се активностите? Фала пријатно.