ТОП ФБ КОМЕНТАРИ „Бевме Дупени на плажа“ и „Бевме на плажата во Дупени“ не е исто!

3522

Фејсбук постови на Златко Бојаџиев, Александар Левески, Миодраг Мишолиќ, Мартин Богатиновски, Иљчо Затаракоски, Билјана Бејкова, Бранка Костиќ Марковиќ, Ѕвездан Георгиевски, Срѓан Ивановиќ и Петар Бендовски. Насловна фотомонтажа: Александар Дојранлиев.

Златко Бојаџиев:

Учете македонски! „Бевме Дупени на плажа“ и „Бевме на плажата во Дупени“ не е исто.

Александар Левески:

За толку сиромашен народ (според сите релевантни статистики) некако многу ми се испотресовте за откажувањето на само две линии на Виз Ер и за најавениот увид во сметките од страна на УЈП. Не знам дали само глумите и се преправате, колку да се најдете во некаков муабет, ама мене искрено ниту едната, ниту другата мерка не ме потресоа и не ги коментирав.

Она што вистински ме загрижува, на пример, е непотребното нарушување на односите и непримерниот притисок од соседна Бугарија кон нас, во очи нашиот влез во НАТО и комплицираниот Референдум кој ни претстои. Или уште повеќе, девастираното здравство, безнадежното образование, нереформираното правосудство, нефункционалните институции, па и аерозагадаувањето кое никако да се заузда.

За вакви тривијални работи е навистина смешно да се троши толку енергија. Или ова тролање со комарците. ОК, не е пријатно, веројатно во град Скопје некаде ја промашиле, ама толку многу тролање, просто неверојатно. А во меѓувреме и понатаму непречено си тече паралелниот увоз на лекови од Турција, на пример. Лекови кои ние ги користиме.

Дефокусирана нација, ете тоа сме. Среќа што сме добиле држава на послужавник во Јајце (ноември 1943). Да требало самите да се избориме, никогаш тоа немало да се случи.

Миодраг Мишолиќ:

Не сум многу луд по Преспанскиот договор (иако веројатно е постигнат максимумот во конкретната ситуација), но луд сум за тоа Македонија да му се придружи на нормалниот, цивилизиран свет. Затоа мислам дека Договорот не смее да пропадне поради нас. Поради Грција – океј, но никако не смееме ние да бидеме причината, бидејќи со тоа ќе ја запечатиме судбината на Македонија за подолго време. Тоа треба да го имаме во вид кога размислуваме дали да излеземе или не на референдумот.

Мартин Богатиновски:

Грчката страна зборува за сопственост на терминот Македонија од четвртиот век пред нашата ера, како ништо друго да не се случило на оваа територија. Бугарија, пак, на Македонија гледа со истата логика, односно како ништо да не се случило овде во последните 120 години. За среќа, во сите три земји постои друга мисла која зема сила, а тоа е дека историјата е еден процес на промени во којшто тоа што некогаш било, сега не мора да биде така.

Иљчо Затаракоски:

Да мислиш дека со влез во ЕУ и НАТО сите проблеми магично ќе ни се решат, ти е исто како да мислиш дека ќе играш ко Џордан само зато шо си купил џорданки.

Билјана Бејкова:

Прочитајте го договорот со Грција. Макар и на плажа.

Бранка Костиќ Марковиќ:

Дечки, знаете кога ќе бидеме сериозна држава? Кога патот до нашата најатрактивна туристичка дестинација ќе биде достоен или макар блиску до убавините коишто ги поседува истата. Вака, не нѐ бидува. Џабе убави мигови, природни убавини и знаменитости, кога ќе ти преседнат едни 175 минорни километри назад. Еј, наместо два часа и уште некоја минута, патуваш речиси 5 часа! Срамота!

Ѕвездан Георгиевски:

Идната недела почнуваат Струшките вечери на поезијата. Лани, ова време, фејсбукот беше преполн со харанга против Дарко Лешовски. Ете, Дарко не е претседател на УО на СВП, па баш ме интересира од сите оние што беа и се задоволни од ваквото решение, колкумина ќе дојдат на Фестивалот?

Срѓан Ивановиќ:

Децa, гoлеми сте више зa дa верувaте вo Дедo Мрaз и вo тoa декa Дoјрaн е нa мoре.

Петар Бендовски:

Да не беа комарциве, ќе нема кој да ве боцне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...