Топло уште денес и утре, потоа опаѓање на температурите

347

До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се зголеми,
дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд. Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени, велат од УХМР, соопшти Авто-мото сојузот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...