Топло уште денеска, од утре попладне дожд и грмежи

358

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде уште денеска, а веќе од утре и за време на викендот во попладневните часови ќе преовладува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура денеска се движи од седум до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје, слично време со ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степен, а дневната ќе се искачи до 33 степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...