Топло и нестабилно со пороен дожд

166

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура од 20 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 30 степени.

Во четврток, како и во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...