Времето во ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до 14, а дневната од 26 до 32 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.