Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната температура ќе се движи од 23 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. УВ=8.
Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 31 степени.
Потоа ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на дневната температура.