УХМР најави дека до среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури, стои во соопштението од Авто мото сојузот.
– Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок – се наведува во соопштението.