Тон кокаин и 3 милиони евра запленети при шверц на Балканот

559

Повеќе од еден тон кокаин и три милиони евра се запленети во глобална операција против шверц на Балканот, соопшти Европол.

Криминалната мрежа е осомничена дека внела дрога во Европа од Јужна Америка во текот на оваа година и лани со приватни авиони. Проценките се дека криминалците доставиле и хероин од Макао и Хонг Конг со бродови.

Европол соопшти дека двајца клучни членови на мрежата се уапсени во Швајцарија и во Хрватска. Шеснаесет апсења се извршени во двете држави, како и во Чешка, Србија и во Хонг Конг.

При претрес во Хрватска, Чешка, Србија, Словенија и Швајцарија полицијата запленила не само кокаин, туку и два милиона евра, како и луксузни стоки вредни над милион евра.

Акцијата била координирана од Европол и од Федералната управа на САД за контрола над наркотици (ДЕА).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...