Том Одел ќе одржи концерт во Скопје оваа среда. Човекот кого Лили Ален го спореди со Дејвид Боуви, а Тејлор Свифт изјави дека е негов фан, Македонците ќе можат да го слушнат во живо.
Тој во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум „Jubilee road“.
Промоцијата на третиот албум „Jubilee road“, кој излезе во октомври минатата година, ја почна со објавување на синглот „If you wanna love somebody“, а потоа следуваше и видеозапис за истиот. На одлична реакција наиде и песната „Half as good as you“, која ја сними со својата долгогодишна пријателка и соработничка, популарната Alice Merton.
Неодамна објави и видео спот за песната „You are gonna break my heart tonight“.