| Вести денес: 0

Том Круз сака да ја види својата ќерка Сури после пет години

Денес девојчето има полни 13 години и е порасната во вистинска убавица.

1939

Актерот Том Круз (57) со години нема никаков контакт со својата ќерка Сури (13), која ја доби во бракот со актерката Кери Холмс (40).

Со години американските медиуми пишуваат како поранешната сопруга на Том е противничка на нивната црква. Откако, наводно пет години не бил во контакт со Сури, Круз повторно одлучил со неа да изгради однос, пренесува „Ин Тач“.

– Том по долго време видел фотографија од Сури воочувајќи дека таа полека растне во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш се одлучи да ја напушти скиентологијата , тоа ќе биде заради неговата ќерка. Бидејќи Сури нема татковска фигура во својот животм ова би било идеална прилика да се помират додека не е предоцна, но скиентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том, па доколку одлучи да ги напушти, тие тајни можеби ќе излезат на виделина, рекол извор близок до семејството за „Ин тач“.

Денес девојчето има полни 13 години и е порасната во вистинска убавица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...