Том Круз „заробен“ во Италија: Не излегува од хотелот поради коронавирусот

Том пристигна во Италија на 20 февруари, а сега е „заглавен“ во луксузниот хотел „Грити палас“.

763

Холивудската ѕвезда Том Круз (57) е принуден да остане во луксузниот хотел во Венеција, откако го сними филмот „Мисија: Невозможно 7“, поради избивање на коронавирусот во Италија, пренесува „Дејли мејл“.

Том пристигна во Италија на 20 февруари, а сега е „заглавен“ во хотелот „Грити палас“, а филмот престана да се снима додека не се види расплетот со ситуацијата со коронавирусот.

Според странските медиуми, Том не би смеел да излезе хотелот до 1 март, додека продуцентите да видат што ќе прават понатаму со снимањето. Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021 година, но поради паузата во снимањето на филмот, може да се одложи. Филмот „Мисија: Невозможно 7“ го продуцира Кристофер Мекквари (51), а покрај Круз глумат Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).

Никој од филмската екипа досега не е заразен. Италијанските медиуми јавуваат дека досега починале седум жртви на коронавирусот во Италија, а сѐ е поголем бројот на заразени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...