Тодор Петров во „Само вистина“ откри дека ќе се кандидира за претседател

1222

Ќе бидам иден претседател на Македонија, изјави вечерва Тодор Петров во „Само вистина“. Претседателот на СМК најави дека ќе влезе во трка како независен кандидат и дека ќе ги собере потребните потписи за номинација на следните претседателски избори.

И во вечерашниот дуел, во кој се зборуваше за договорот со Грција, повторно беа презентирани сосема различни страни. Петров дебатираше со новинарот Љубиша Николовски, кој е убеден дека ако не влеземе во ЕУ, ќе се затвориме од светот и „ќе јадеме корени“.

Петров на сосема спротивен став, смета дека претседателот не мора да се потпише позади ова „предавство на Македонија“.

Николовски додаде дека битно е да се излезе на референдум.

– Сите треба машки да излеземе и да го дадеме својот глас. Не сакам да дозволам некои мрзливци, комформисти што седат дома, да бидат малцинство и да одлучат за мојата, судбината на моите деца и внуци – вели Николовски.

Погледнете го најновото издание на „Само вистина“:

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2005327969507146/

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...