Екс министерот за здравство, а сега исклучен од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, кој е дел од паралелната делегација која присуствува на Конгреспт на ЕПП во Хелсинки по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на Фејсбук напиша дека разговарале за заканите, и притисоците со кои се соочуваат сите кои мислат поинаку од актуелното партиско раководство.
– Од двете страни беше изразена силна поддршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ. Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија. Од страна на еврокомесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат и беше изразена јасна поддршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија, напиша Тодоров.
Тодоров остварил и средба со европратеникот Едуард Кукан и Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија.