Тодоров: Сам ќе си го напишам прашањето и ќе гласам

1282

Екс министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодоров, се огласи на Фејсбук по повод неговата денешна изјава дека ќе излезе на референдум и оти ќе гласа „за“ ЕУ и НАТО и „против“ договорот со Грција.

Инаку, тој во неговото денешно излагање на дебата за НАТО рече дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да го бојкотира референдумот.

– По мене ВМРО-ДПМНЕ не смее да бојкотира затоа што не смее да биде мала гласна изолирана група на граѓани коишто се контаминирани. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде силно мнозинство и затоа не смее да си дозволи да бојкотира. ВМРО-ДПМНЕ е уставотворна и државотворна партија и не може да дозволи да следи некои групи коишто заговараат бојкот. Друго ќе беше ако ВМРО-ДПМНЕ пред два-три месеци излезеше и речеше „ние бојкотираме“. Во ваква ситуација кога тој простор е заземен и воден од некои маргинални политички структури ВМРО-ДПМНЕ да биде партија која што ќе следи такви структури. ВМРО-ДПМНЕ мора да води – вели Тодоров.

Тој додава дека би бил неконзистентен ако не излезе на референдумот затоа што, како што посочува, „ќе ми најдете 20 изјави и говори каде што велам дека тоа решение мора да помине на референдум“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...