Откако на 27 април лани беше избран претседател на Собранието, кое според Никола Тодоров, дел од пратениците го направиле во дел каде не требале односно околу нивните столици, поранешниот министер за здравство со дел од неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се упатил кон кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски.
– Слушнавме голема галама, излегов од кабинетот и видов дека голем дел беа влезени во Собранието. Дел од луѓето се упатија кон кабинетот ма Велјановски. Јас застанав со еден од обезбедувањето на Велјановски, дојде до мало кошкање меѓу нас и тие што сакаа да влезат во кабинетот. Но тоа не беше ништо сериозно. Се симна надолу кон пленарната сала, видов беше исполнета со луѓе кои воопшто не беа насилни, пееја и вееја знамиња – сведочеше Тодоров на денешното судење за 27 април.
Бидејки било загушливо тој излегол од пленарната сала и се упатил кон едни од тоалетите. Му се јавила Радмила Шекеринска, била во паника и му рекла дека е во прес салата и оти има еден човек кој најверојатно е мртов веќе.
Тодоров се јавил да повика медицински екипи и се упатил кон прес салата.
– Се упатив кон прес салата, се обидов да влезам, но не успеав. Имаше многу луѓе, некои од нив ме отурнаа и моето обезбедувањето што беше со мене ме извлече и однесе во гаражата – раскажуваше Тодоров.
Тој посочи дека во текот на таа ноќ уште два пати се обидел да влезе, но не успеал.
– Имаше гужва, влезот беше тесен и не можевме никако да се пробиеме во собата внатре. Јас се обидов да влезам, но обезбедувањето ме извлекуваше.
Сакаа да ме заштита, имајки предвид дека народот беше гневен од тоа што се случи во Собранието со начинот на избор на претседател и пеење на албанската химна…Тоа што се случи направи огромен револт надвор, тоа внатре да не се случеше, со изборот на претседател и пеењето на химната, немаше да се случи ништо тој ден – рече Тодоров одговарајќи на прашањето зошто не успеал да влезе во прес салата.
Тој зборуваше и за начинот на евакуација на пратениците, дека заедно со медицински екипи помагале на повредените пратеници и полицајци, како ги маскирале по Зијадин Села и Радмила Шекеринска.