Тодоров: Ме исклучија од антизападната фракција, никој не може да ме исклучи од ВМРО – ДПМНЕ

2321
ФОТО: Фејсбук профил на Никола Тодоров

Поранешниот висок функционер и министер Никола Тодоров кој на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ беше посочен дека заедно со Сашо Мијалков притискале и уценувале пратеници за да обезбедат двотретинско мнозинство за уставните измени поради што беше исклучен од партијатa, се огласи на Фејсбук.

„Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти – ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам“, напиша Тодоров на социјалната мрежа „Фејбук“ од каде што порачува дека никој не може да го исклучи од неговата ВМРО – ДПМНЕ, која, како што вели не е изолирана партија, туку модерна и европска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...