Товарен воз удрил во одрони од карпа на пругата и излетал од шините, попладнево во 17,10 часот, по Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес-Скопје, информираат од СВР Велес.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, локомотивата на товарниот воз излетала од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот, за среќа останал неповреден.
Железничкиот сообраќај е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата, информира Додевски.