Тито Петковски единствен кандидат за претседател на Конгресот на НСДП

1175

Централниот одбор на НСДП го утври денеска Тито Петковски за за предлог кандидат за претседател на партијата на престојниот Конгрес.

Централниот одбор на НСДП, како дел од конгресните документи, на денешната седница го утврди Извештајот за работата на НСДП помеѓу Третиот и Четвртиот Конгрес и ја усвои Предлог-Програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години.

Во однос на изборот на новите раководни органи на партијата, а врз основа на предлозите на општинските организации, на седницата се утврди бројот на членови на Централниот одбор да изнесува 90, а на Надзорниот одбор 9, како и нивниот состав кој ќе биде предложен пред делегатите на Конгресот.

Четвртиот Конгрес на партијата кој ќе се одржи на 13 мај во Скопје. На него ќе  учествуваат 500 делегати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...