Судењето за предметот „Титаник 3“ е одложено за 11 мај, бидејќи на рочиштето не дојде Еленко Миланов адвокат на обвинетиит Исмет Гури. Тој не се појави бидејќи бил на судење во Тетово.
Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Миланов со 1.000 евра бидејќи не дошол, а за овој предмет како што кажа, полномошно имал и друг адвокат од неговата канцеларија кој исто така не се појави.
Во „Татник 3“ обвинет е и Ејуп Алими. Двајцата се товарат за уништување на изборен материјал.