„Титаник 2“: Ибраими инсистира неговиот предлог со докази да бидат изнесени во постапката

85

Со сослушување на сведокот Адмир Шабани денеска продолжи судењето во предметот „Титаник 2“ на СЈО. На почетокот обвинетиот Бедредин Ибраими имаше забелешка на записникот од минатото рочиште. Побара неговото образложение за предложените докази да се вметне во записникот.

Се повика на неговото право на правично и објективно судење за да може да достави докази и судот да ги цени и неговите факти, а не само фактите кои, како што кажа, се конструирани.

Бара судот да ги прифати предложените материјални докази од него и да бидат изнесени во постапката. Тој смета дека со право се сомнева во непристапноста на судот заради неизведувањето на доказите и неприфаќањето на се што предложил.

Смета дека СЈО намерно ги прикрива доказите за него.

На тоа обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постои начин и можност правно да се справи со тоа доколку е вистина.

Сведокот Шабани одговара на директни прашања на одбраната.

Судијата даде пауза до 13 часот за одбраната да одлучи кои материјални докази ќе ги презентира со читање во судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...