„Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“ остануваат кај Лиле Стефанова

132

Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што го водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.

Пред  Стефанова, уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, пак, ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...