Тинејџер со „фиат пунто“ удрил во 44-годишник и девојка во Скопје, мажот е тешко повреден

735

Тинејџер во Скопје со возило удрил во пешаци, при што едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 22.55 часот на крстосницата од улиците Војдан Чернодрински, Славеј Планина и Кримска, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Скопје, удрило во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Ш., додека со телесни повреди се здобила Х.Ш.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“- Скопје, каде им била укажана лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...