Тинејџер со „мерцедес“ повредил скопјанка

767
Фото: МВР

Скопјанка е тешко повредена во сообраќајна незгода со „мерцедес“ управуван од тинејџер, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 7 часот на крстосницата од булевар Крсте Мисирков со булевар Гоце Делчев се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од село Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош – велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...