Тинејџер со возило удрил во жена во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 10.45 часот на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Ванчо Китанов“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(19) од с.Таринци, општина Карбинци, удрило во пешакот М.М.(59) од Штип. М.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.